На следбениците на она што се случува надвор од теренот т.е. во кругот на спортските терени, секако им е познато името на италијанската ТВ водителка, 38-годишната, Мелиса Сата.
Мелиса Сата не само што е познато италијанско ТВ лице, туку нејзината професионална кариера вклучува и други активности како манекенството, а во центарот на вниманието на јавноста во претходните години доаѓаше преку врските со познати спортисти.
Така од 2006 до 2011 година таа била во врска со легендарниот Кристијан Виери, а на крајот на истата година имала афера со покојниот Коби Брајант. Камерите потоа ја снимиле како доцна во ноќта влегува во хотелската соба на НБА ѕвездата и излегува рано наутро, а се пишувало дека поради тој инцидент, вдовицата на Коби Брајант, Ванеса, сакала да се разведе од него.
Како и да е, на почетокот на 2012 година, Мелиса Сата се сврши со Кевин Принс – Боатенг. Две години подоцна добија син, а уште две години подоцна се венчаа и до крајот на 2020 година немаше знаци кои укажуваат на нивна разделба.
Мелиса Сата денеска е во врска со италијанскиот тенисер Матео Беретини, а е видена на трибините на централниот терен во Вимблдон, на натпреварот со Карлос Алкараз од кого нејзиниот љубовник го загуби со 3:1 во сетови. Познато е дека парот е заедно од почетокот на годината. Камерите ја забележаа во ВИП ложата на Матео Беретини, а таа со својот изглед предизвика воздишки кај сите присутни.
Таа беше обвинета во италијанските медиуми дека му донела среќа на Матео Беретини и дека е виновна за повредите кои го оддалечиле од тениските терени. Тој не можеше да игра на турнирите во Рим и Мадрид поради проблеми со мускулите, за што Италијанците тврдат дека е поради лудиот начин на живот на Мелиса Сата, кој вклучува „часови и часови секс“.
„Таа е виновна што не му оди. Таа е ѓавол во тело на жена, таа го истроши со секс“, стои во коментарот на еден од новинарите за натпреварот Беретини – Алкараз во италијанските медиуми.