Една од најпознатите ѕвезди од поранешна Југославија, Лепа Брена, деновиве престојува во Црна Гора со нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, каде што била забележана од папарацо-новинарите.
Балканската мега-ѕвезда одлучила да помине еден сончев ден на јахтата која чини неверојатни шест милиони евра! Од луксузот боли глава, а локацијата каде што престојуваат е посебна приказна.
Лепа Брена се соблекла во костим за капење, во кој го покажала своето се уште затегнато тело, а на главата имала капа за да се заштити од сонцето, како и црни очила за сонце. Беспрекорниот изглед омилената пејачка на многумина никого не остава рамнодушен, а велат дека никогаш не изгледала подобро од ова!
Инаку, јахтата има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања. Дека Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се грижат за секој детал говорат и брендираните крпи кои се во иста боја со плочките. Секако тука е и голема дневна соба, мермерна маса и огромен телевизор, пишуваат соседните медиуми.
Јасно е дека Лепа Брена знае да ужива во топлите денови, а на јахтата често се добредојдени гости, меѓу кои претежно има јавни личности.