ФОТО | КАКВА ХРАБРОСТ – 13-годишна девојка била нападната од ајкула, а таа возвратила со ‘жестоки’ тупаници: “Беше облеана во крв, но сосема мирна!“

13-годишно девојче успеало да се спаси од ајкула која ја нападнала на плажа во американската сојузна држава Флорида. За ова не е заслужна само среќата, туку и самата таа. Тинејџерката неколку пати ја удрила ајкулата и така си го спасила животот од сигурна смрт.

Ела Рид изјавила за локалните медиуми дека била во водата до половината со пријателите кога почувствувала ненадејна, остра болка. Водата била многу чиста, вели таа, но не видела ништо како им се приближува се до моментот кога почуствувала силна болка во стомакот.

Ајкулата беше многу силна. Силно ме удри во стомакот“, кажала таа.

После тоа, сè се случило многу брзо. Откако била повредена во стомакот, таа и возвратила на ајкулата удирајќи ја. Водниот „ѕвер“ на кратко испливало од неа, но речиси веднаш се вратило назад во подлабокиот дел, пишува The Guardian.

Ела Рид
Ела Рид
Ела Рид

Не сакаше да ме остави, па морав да ја користам раката и тупаницата, затоа и ме повреди токму на раката“, објаснила девојката, која на крајот успеала да го избрка големото водно животно. Таа потоа викала по мајка си и брат си да дојдат на местото на настанот.

Бевме шокирани, бидејќи се беше полно со крв, таа беше облеана во крв и воопшто не можевме да видиме што се случува. Телото и се тресеше, но психички беше многу мирна и концентрирана“, изјавила нејзината мајка.

Девојката ја каснала ајкула по стомакот, раката, коленото и прстот. За среќа, тоа се сите нејзини повреди. Во болница примила 19 конци.

Да, бев во шок поради се што се случи, но всушност ништо не ме повреди, бидејќи адреналинот ја прекина болката“, објаснила таа.

Таа не е сосема сигурна за каков вид на ајкула станува збор, но верува дека се работи за бик-ајкула и проценува дека била долга меѓу 1,5 и 1,8 метри. И покрај страшното искуство, таа не планира да се држи подалеку од водата, туку ќе се врати во морето штом доволно закрепне.

ајкуланесреќаСАДФлорида