Деловниот луксузен авион „Embraer Legacy 600“ кој е регистриран во Русија и кој, според веб-страницата Flightrada24 го користи Евгениј Пригожин, утрово пристигнал во Белорусија, а истиот се наоѓа на листата на американски санкции против лидерот на групата Вагнер.
Медиумската агенција Reuters објави дека овој авион заминал кон територијата на Белорусија и наведе дека се работи за авион со идентификациски број кој одговара на оној што американските власти го вклучиле во санкционираниот имот на Евгениј Пригожин.
„Embraer Legacy 600“ може да превезе до 13 патници на растојание од 5.650 километри или осум патници на растојание од 6.390 километри. Тој е сертифициран за летање до височина од 12 километри и припаѓа на високата класа кај малите или средните деловни авиони.
Еден од „Embraer Legacy 600“ го користел и британскиот крал Чарлс III за време на неговиот лет од Шкотска до Лондон по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета II.