Студија на National Geographic спроведена пред неколку години во САД покажа дека младите американци од 18 до 24 години тешко знаат да најдат некоја земја во Европа и често мислат дека Европа е една земја.
Затоа и не треба да нè чуди што оваа мапа која неодамна се појави на социјалните мрежи привлече големо внимание кај публиката, а илустрира со каква среќа Американците гледаат одредени европски земји.
Погледнете ја мапата и објавата ОВДЕ.
Според Американците, врз основа на популарното видео, во Европа има само неколку земји. Русија зазема најголема површина, Украина е до неа, Франција е позната по Ајфеловата кула, Шпанците се Мексиканци, Скандинавија и северниот дел на Европа се всушност Северниот Пол, Грција е плажа, а Италија е земјата на пицата. Но според оваа карта жителите на Балканот и Централна Европа, според Американците не постојат.
„Ова го е направил многу паметен Американец, бидејќи другите мислат дека Европа е земја“, „Чекај, има живот надвор од САД ?!“, „Немаат поим каде е Европа“, „До пред неколку години тие не ни знаеа дека Украина постои“, се само дел од коментарите под оваа мапа која собра над 180.000 допаѓања.