ФОТО | Кендал Џенер го ‘сруши’ Интернетот – една од најубавите манекенки тешко кој може да ја погледнете во очи: “Изгледа го ‘заборавила’ градникот дома…“

Ријалити ѕвездата и еден од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер, се појави во едно од нејзините најхрабри изданија до сега.

27-годишната реалити ѕвезда се упатила на вечера во познатиот италијански ресторан „Џорџо Балди“ во Санта Моника, Лос Анџелес, облечена во тесен, проѕирен црн горен дел до рамениците, без градник под него, а според папарацо-новинарите таа заминала на вечера со нејзините пријатели Хејли Бибер и Лори Харви.

Кендал Џенер

Кендал Џенер, која неодамна беше уловена од папараците на вечера со порториканскиот рапер Бад Бани (29 г.), за кој се шпекулира дека е нејзиното ново момче, го комплетирала својот впечатлив аутфит со црни чизми до колена.

Кендал Џенер

Нејзината пријателка Хејли, сопруга на пејачот Џастин Бибер, се појавила во сив мини фустан и црни сандали, додека 26-годишната Лори избрала секси црн фустан со шлицови на предната страна.

Хејли Бибер
Лори Харви
Кендал ЏенерХејли Бибер