Победничкиот пехар на Вимблдон оваа година отиде во рацете на Шпанецот Карлос Алкараз.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, на Шпанецот му ја подари титулата во исклучително кралска и елегантна облека, а тој се поклони пред неа и со тоа покажа дека го почитува „кралскиот протокол“.
Кејт Мидлтон се појави во зелен фустан, што е една од заштитните бои на Вимблдон. Шетајќи во фустанот од речиси 900 евра (поточно 873), таа остави одмерен впечаток како што и доликува на една принцеза. Фустанот на познатата француска дизајнерка одлично и прилегаше на принцезата, имаше благ шлиц одзади и уникатен крој напред.
На нозете имала штикли чии цени достигнуваат некаде околу 430 евра. Таа го даде последниот шмек со златна нараквица и пар убави обетки. Без претерана шминка и со малку свиткана долга коса, Кејт Мидлтон не ја симна насмевката од лицето, особено што сите погледи беа вперени во неа при пристигнувањето, но и за време на натпреварот. Не е ни чудо, бидејќи принцезата е покровител на најстариот тениски турнир.