Поранешните сопружници Ким Кардашијан и Канје Вест повторно излегоа заедно на вечера во „Nobu“ во Малибу овој вторник вечер.
Имено, 43-годишната ријалити ѕвезда уживаше во ретко семејно дружење со контроверзниот рапер и нивните деца по повод 10-тиот роденден на нејзината ќерка Норт Вест, која решила да ја прослави оваа посебна пригода во друштво на своите школски другарки. Поранешните сопружници се забележани како пристигнуваат за неколку минути разлика еден од друг, а сегашната сопруга на Канје Вест, Бјанка Ценсори, никаде ја немаше, пишува Daily Mail.
Нивната најстара ќерка Норт Вест и нејзините другарки носеле соодветни кошули со долги ракави за да го прослават претстојниот албум на нејзиниот татко заедно со нејзиниот роденден. Неколку часа подоцна, Канје Вест објави „срамна“ фотографија од својата 29-годишна сопруга, а потоа неочекувано целосно го избриша својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, веројатно во пресрет на претстојното објавување на албумот.
По повод оваа семејна дружба Ким Кардашијан облече тесен топ во комбинација со панталони со висок струк. Таа носеше долго кадифено палто од истиот материјал и лакирани чизми со потпетици.
Од друга страна, Канје Вест носеше кожна бомбер јакна во комбинација со фармерки и војнички чизми. Добитникот на 24 Греми признанија го покрил лицето со маската што ја носел и додека влегувал во својот автомобил марка „Range Rover“.
Да потсетиме дека Ким Кардашијан и Канје Вест се разведоа во 2022 година, а според судските документи до кои дојде Page Six, ријалити ѕвездата и раперот имаат заедничко старателство со „еднаков пристап“ до нивните четири деца. Бракот заврши откако Ким Кардашијан (43 г.) поднесе барање за развод во февруари 2021 година по седум години брак.
По неколку месеци неуспешни јавни обиди на Канје Вест да ја придобие својата поранешна сопруга, судијата го прогласи за официјален разводот во март 2022 година.