Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ објави фотографии од патувањето во Херцеговина, а следбениците во коментарите ја опсипуваа со комплименти.
„Убава! Како девојка“, „Жена за сите времиња!“, „Изгледаш совршено“, „Наша убавина“, „Како да си во дваесеттите“, се само дел од многуте комплименти што само продолжија да доаѓаат во коментарите под објавата.
На фотографиите Колинда е облечена лежерно и прилично младешки и модерно, што многу се разликува од нејзиниот стил за време на претседателскиот мандат, кога најмногу носеше комплети и женски костуми.
Покрај новиот стил, Колинда во последно време привлекува големо внимание со витката линија и младешкиот изглед, а беше и главна ѕвезда на Светското првенство во Катар.
Поранешната претседателка сесрдно ги бодреше хрватските фудбалери во впечатливи комбинации, од кои најмногу се истакна народната носија, но и елегантниот бел фустан што го носеше во полуфиналето, како и кошулата на Луј Витон со црвено-бели квадрати.