ФОТО | Која е Србинката што ја шармираше цела Европа ? Црвена Ѕвезда беше поразена во Атина, а во центарот на вниманието беше оваа убавица

Црвена Ѕвезда беше поразена од Панатинаикос во Атина со резлутат од 82:65, а во центарот на вниманието беше Милица Тасиќ, српската одбојкарка која е во врска со Лука Вилдоз.

Милица Тасиќ е снимена на трибините каде што украла многу воздишки од навивачите, но дресот на Лука Вилдоз што го носела јасно им покажа на сите кому му припаѓа нејзиното срце.

Лука Вилдоз и Милица Тасиќ влегоа во емотивна врска кога кошаркарот настапуваше за Црвена Ѕвезда, а љубовта да процвета и сега кога Аргентинецот настапува за Панатинаикос.

Одбојкарската кариера Милица Тасиќ ја започна во Црвена Ѕвезда, а дресот на сениорскиот тим го носеше од 2014 до 2021 година, со исклучок на една сезона кога студираше во САД, односно на колеџот Невада во Лас Вегас. Следуваше една сезона во Романија каде го носеше дресот на Динамо Букурешт, а потоа потпиша за турски Меринос.

кошаркаљубовМилица ТасиќПанатинаикосЦрвена Ѕвезда