Жоао Мендес де Асис Мореира, синот на еден од најдобрите фудбалери кои светот ги видел – легендарниот Роналдињо тргна по стапките на својот татко.
Пред неколку месеци овој талентиран 18-годишен фудбалер потпиша професионален договор со Барселона и светот со нетрпение го очекува неговото деби за славниот каталонски клуб.
Додека се подготвува за настап во првиот тим, Жоао Мендес де Асис Мореира напорно тренира за да биде подготвен за предизвиците што го очекуваат. Тој е максимално посветен на своето тело, што може да се види и од фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи.
Наследникот на Роналдињо пристигна во Барселона од бразилскиот гигант Крузеиро и моментално настапува за тимот до 19 години. Има 18 години, одлично ја користи десната нога и игра како напаѓач, а одлично се снаоѓа и во улогата на офанзивен играч за врска.
Шпанските медиуми пишуваат дека Жоао Мендес де Асис Мореира е сличен на својот татко, дека е многу вешт со топката. Роден е во 2005 година, истата година кога неговиот татко ја освои Златната топка. Тој пристигна во Барселона на експресно барање на претседателот Жоан Лапорте, кој во клубот го донесе и неговиот татко.