Кристијано Роналдо му исполни голема желба на еден млад навивач од Босна и Херцеговина.
Фарис Ножиќ од Мостар се најде меѓу навивачите на стадионот „Билино Поље“ во Зеница на натпреварот помеѓу БиХ и Португалија.
Португалија победи со резлутат од 0:5, а Фарис Ножиќ по натпреварот се сретна со својот идол.
Фарис Ножиќ е момче кое веќе неколку години се бори со тешката болест – epidermolysis bullosa. Тој изразил голема желба да го запознае Кристијано Роналдо кого го обожава и тоа му се исполни.
Кристијано Роналдо одвои неколку моменти за младиот навивач и го направи најсреќното момче на светот за момент.
Се фотографирале заедно, а еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше порака за Фарис Ножиќ.
„Чувството беше прекрасно, се се случи по натпреварот. Отидов во Зеница да го гледам натпреварот и на крајот се сликав со Роналдо. Роналдо ме праша како ми е и ми кажа да останам силен. Му кажав дека тој е најдобриот играч на светот. Им благодарам на сите добри луѓе кои ми помогнаа да го остварам мојот сон“, изјавил Фарис Ножиќ за босанските медиуми.
Заедничката фотографија на Фарис Ножиќ со неговиот идол Кристијано Роналдо можете да ја погледнете ОВДЕ.