Популарниот холивудски актер Леонардо ди Каприо (48 г.) е забележан во друштво на манекенката Меган Рош (22 г.). Парот уживал на луксузна јахта во Ибица.
Но, извор ексклузивно за магазинот Page Six открил дека Леонардо ди Каприо и Меган Рош не се романтично поврзани и дека убавицата е всушност во врска со пријател на актерот, кој исто така бил на јахтата.
Меган Рош, облечена во едноделен костим за капење, покриена со кошула, била забележена како покажува наклонетост кон својот неидентификуван партнер за време на патувањето со јахта.
Во меѓувреме, Леонардо Ди Каприо е виден како се сонча без кошула во гаќи за капење додека го гледал неверојатниот поглед од луксузната јахта. Оскаровецот носел бела капа и очила за сонце додека тој и неговиот „екипаж“ седеле во јахтата што ги превезувала.
Леонардо Ди Каприо, инаку, со недели ужива во Европа. Минатиот вторник, тој беше виден на вечера во популарниот лондонски ресторан „Chiltern Firehouse“ со неговата мајка Ирмелин Инденбиркен и 28-годишната манекенка Нилам Гил. Неколку дена претходно, тој беше забележан на раскошната венчавка на Џо Нахмад и моделот Медисон Хедрик на Сардинија.
Иако е јасно дека Леонардо Ди Каприо се забавува, тој исто така работи напорно. Холивудската ѕвезда присуствуваше на Филмскиот фестивал во Кан минатиот месец, каде го промовираше својот нов филм.
Љубовта на Леонардо Ди Каприо кон манекенките е исто толку присутна како и љубовта кон јахтите. Меѓу неговите многубројни крстарења, тој е запаметен по забавата на јахта вредна 150 милиони долари на саемот за уметност во Мајами минатата година, а минатото лето тој пловеше до Св. Тропе со група пријатели.