Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во придружба на неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, денес се впиша во книгата на жалост поставена во општинското основно улилиште „Јохан Хајнрих – Песталоци“ во општина Центар, Скопје.
Претходно од училиштето во кое учеше киднапираната, а потоа и монструозно убиена Вања Ѓорчевска (14 г.), беше објавено дека на влезот од учичиштето ќе биде поставена книга на жалост во која сите граѓани ќе можат да одадат почит на прерано загинатата девојка.
Стево Пендаровски преку кратка објава на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се простил и впишал во книгата на жалост. Во целост ви ја пренесуваме неговата објава и фотографиите што тој ги сподели:
„Почивај во мир Вања!
Сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата“, стои во објавата на претседателот на државата.