Милијардерот и ко-основачот на социјалната платформа Мета, Марк Закерберг, ги загрижи своите обожаватели со нова објава на социјалната мрежа Инстаграм, во која има две модринки на лицето.
Ко-основачот на Мета и еден од најбогатите луѓе во светот откри и дека повредата настанала сосема случајно додека тренирал џиу-џицу, а објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.
„Спарингот малку излезе од контрола. Можеби треба да го повторам мојот аватар“, напиша тој покрај смајлито што плаче и се смее.
Инаку, Марк Закерберг со години тренира џиу-џицу.
За потсетување, Марк Закерберг неодамна во август ја лансираше новата апликација Threads, која многу потсетува на некогашниот Твитер, сега наречен X, во сопственост на Илон Маск.
Овој потег доведе до вистинска мини-војна меѓу двајцата милијардери, а апликацијата на Марк Закерберг беше многу популарна меѓу луѓето ширум светот.