ФОТО | Масакарот во Србија главна вест во сите светски медиуми! Светот и Европа во шок и неверување – Белград во тага: “Бројот на жртви расте!“

Крвавиот масакр на 14-годишниот ученик во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во кој животот го загубија еден чувар и неколку негови соученици, е главна вест не само во регионот, туку и во речиси сите светски медиуми кои постојано известуваат за овој настан.

Весникот Daily Mail пишува – „oсум деца загинаа во пукање во училиште откако 14-годишно момче отвори оган во Србија, а загина и еден чувар“.

насловната страна на AP News

Насловните страници на Mirror, CNN, Reuters, AP News и други светски еминентни весници и медиуми се полни со наслови за трагедијата од Белград.

насловната страна на Mirror

CNN објави дека осум деца загинале кога 14-годишно момче отворило оган во српско училиште.

насловната страна на CNN

МАСАКР ВО УЧИЛИШТЕ – Пукање во училиште во Србија: Момче (14 г.) уби најмалку осум деца и чувар при дивеење во училницата со пиштолот на татко му“, е насловот на познатиот веб-портал The Sun.

Веста за хоророт од српската престолнина со насловната фотографија „Breaking News“ ја пренесе и британскиот Sky News.

Инаку, како што пренесува српски Курир од минута во минута, многу родители не знаат каде се нивните деца, учениците од „Владислав Рибникар“ каде утринава се случи масакрот.

Белград, Србија

Министерството за внатрешни работи на Србија ги повика родителите да се пријават во полициската станица Врачар.

Родителите кои се уште не стапиле во контакт со своите деца да се пријават во просториите на олициската станица Врачар, улица ‘Радослава Грујица’ бр.14“, соопшти МВР на Србија во апелот до граѓаните.

БелградсмртСрбијаубиство