Откако утринава владејачката партија СДСМ објави дека делегација на СДММ предводена од Миле Зечевиќ Вардарски со коњи тргнале кон Крушево по повод празникот Илинден, попладнево на официјалната страница на партијата на социјалната мрежа Фејсбук, објавени беа нови фотографии на кои се гледа како генералниот секретар лета со параглајдер.
„Модерно Крушево освен со своето културно и историско значење е најатрактивна дестинација за авантуристички туризам во Европа и во светот, домаќин на големи светски натпревари и на најпознатите параглајдеристи. Во очи на големиот празник Илинден, поддршка и промоција на оваа авантуристичка страна на модерно Крушево симболично дадоа претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски“, стои во објавата на СДСМ на социјалната мрежа Фејсбук.