Мило Ѓукановиќ заврши со деловните обврски кон државата, па сега има повеќе време да се опушти и соодветно да се посвети на семејството.
Неодамнешниот претседател на Црна Гора папарацо-новинарите на српскиот весник Курир го забележале на брегот на морето во ресторан каде што вечерал со синот и сопругата. Брачниот пар и нивниот наследник избрале ресторан во кој овој функционер со години уживал во пицата и морските плодови.
Политичарот го чекало резервирана маса веднаш до морето. Откако завршиле со вечерата, новинарите забележале како тој разговара со семејството, додека на друга маса седело неговото обезбедување.
Мило Ѓукановиќ уживал во вечерата и погледот на мирното море. Се чини дека тоа го релаксира. Неговата сопруга фрлала парчиња леб во морето со риба.
Според пишувањата на споменатиот весник, тие поминале околу три часа во ресторанот, по што го напуштиле ресторанот во придружба на обезбедувањето. Возилото на поранешниот прв човек на Црна Гора чекало на паркингот, а потоа си заминале дома.