ФОТО | НАМЕСТО ЧЕТИРИ ЕВРА, ДЕНОТ ЌЕ БИДЕ 10 ЕВРА! Владата на Грција има намера да ги зголеми туристичките такси – ова е деталниот ценовник за следното лето

Владата на Грција има намера да ги зголеми туристичките даноци и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени, посочи денес премиерот на нашиот јужен сосед, Киријакос Мицотакис.

Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе изнесува 1,5 евра наместо досегашните 0,5 евра за ноќевање, а таксата за ноќевања во хотели со пет ѕвезди се зголемува од четири на десет евра по ноќ, пренесува веб-порталот Sibiz (SEEbiz).

Киријакос Мицотакис додава дека приоритетите на овој фонд ќе бидат најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина, како и обезбедување финансиски средства за одбрана од климатската криза.

Промена на цените на туристичката такса во Грција

По разорните пожари во јули, а потоа и на крајот на август, кои опустошија повеќе од 150.000 хектари, Грција на почетокот на септември беше погодена од катастрофални поплави.

ГрцијаКиријакос Мицотакисполитика