Во пресрет на празниците, НАСА објави комеморативна фотографија од вселената на која се гледа структура која наликува на украсена елка. Се разбира, тоа не е било каков вид на вселенска новогодишна елка. Космосот, би можеле да кажеме, е рамнодушен кон нашите празници.
Оваа композитна фотографија, направена од вселенскиот телескоп „Chandra“ на НАСА, го прикажува најновиот поглед на NGC 2264 – космички феномен познат и како „Кластерот на Божиќното Дрво“. Тоа е збирка на млади ѕвезди во нашата галаксија кои се стари меѓу еден и пет милиони години. Овие ѕвезди се оддалечени околу 2500 светлосни години од нас. Некои се поголеми, а некои помали од Сонцето.
Објавата на НАСА на социјалните мрежи можете да ја погледнете ОВДЕ.