Ријалити ѕвездата Кајли Џенер (26 г.) и актерот Тимоти Шаламе (27 г.) беа „уловени“ како разменуваат нежности на УС Опен, за време на натпреварот Новак Ѓоковиќ – Даниил Медведев оваа недела во Њујорк.
Како што објави магазинот Page Six, 26-годишната ѕвезда од реалното шоу „Кардашијанс“ е фотографирана како нежно му ја става раката околу рамото на своето ново момче додека уживаа во тениска акција на теренот.
Популарниот актер се насмевнал и се наведнал кон Кајли Џенер за сладок бакнеж, со видео објавено на социјалната мрежа Х (Твитер) на кое се гледа дека Кајли Џенер лежерно поминува со прстите низ брановидната коса на Тимоти Шаламе.
Двојката седела во делот за славни личности на трибините, недалеку од Лаверн Кокс и Ебон Мос-Бахрач. За спортскиот настан, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се појавија во соодветни црни комбинации и очила за сонце, додека ѕвездата на „Dine“ носеше бејзбол капа.
Да потсетиме дека Кајли Џенер и Тимоти Шаламе минатата недела ја потврдија врската со бакнежи за време на концертот на Бијонсе на стадионот „SoFi“ во Лос Анџелес. Нивната наводна врска претходно беше нашироко пишувана во американските и британските таблоиди. Всушност, TMZ на почетокот на август напиша дека парот е во врска од април, но дека не сакале да се експонираат претерано. Текстот на TMZ беше објавен откако други медиуми шпекулираа дека раскинале или дека Тимоти Шаламе ја „шутнал“ Кајли Џенер.