Маргот Роби, една од најпопуларните холивудски актерки во моментот, направи магија со својата неодолива привлечност на фотографиите кои неодамна беа снимени за австралиската верзија на магазинот Vouge.
Таа моментално е една од најугледните актерки ширум светот, благодарение на улогата во филмот „Barbie“, во режија на талентираната Грета Гервиг, а Маргот Роби несомнено го освои светот со својот шармантен изглед.
Во светлината на нејзината светска популарност, Маргот Роби, го зазеде централното место на насловната страница на августовскиот нов број на магазинот Vouge. Фотографиите од ова издание се вистинска хипнотичка комбинација која ви го одзема здивот првиот пат кога ќе ги видите.
На фотографиите кои ги красат страниците на магазинот Vouge, Маргот Роби е маестрално овековечена во темен, речиси црн костум кој навестува мистерија и заведување.
Оваа трансформација е далеку од нејзиниот вообичаен изглед, бидејќи во последно време ја гледаме во розови нијанси додека го промовираше филмот „Barbie“.