ФОТО | НАЈПОПУЛАРНИОТ ЈУТЈУБЕР ВО СВЕТОТ ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ СО НЕГОВИОТ НОВ ПРЕДИЗВИК – “Дали би издржале 100 дена овде ?“

Најпопуларниот Јутјубер во светот, MrBeast, е познат по своите необични предизвици, но неговиот последен проект е опишан од луѓето како целосна ментална тортура.

MrBeast, вистинското име Џими Доналдсон, објави фотографија на социјалната мрежа X (Твитер) од бела соба опремена со два кревети и неколку работи за основни потреби. 

Дали би поминале 100 дена во оваа соба со потполно странец за 500.000 долари ?“, напиша тој, додавајќи: „Вратата е отклучена, а ако некој од вас замине пред 100-тиот ден и двајцата губат“. 

Јутјуберот не сподели повеќе детали, а веќе предизвика бура од реакции. Некои рекоа дека нема да имаат проблем да го завршат предизвикот, додека други не беа толку сигурни во идејата да ги затворат луѓето во замена за пари. 

MrBeast психолошки ги мачи сиромашните луѓе исто како богатите негативци во хорор филмовите“, коментира еден корисник на новиот предизвик, додека друг се согласил: „Психолошки да ги оштетиш луѓето ветувајќи им пари за видео на Јутјуб е лудост“. 

Само една минута по првичната објава, MrBeast објави нова, давајќи до знаење дека предизвикот ќе започне:

Ќе го започнам овој експеримент, ајде да видиме како ќе биде!“ 

Не е јасно кога гледачите ќе можат да ја видат изведбата на експериментот на Јутјуб, а со оглед на популарноста на неговите предизвици, овој сигурно ќе привлече големо внимание. 

Јутјубпредизвик