Бразилската крава по име Viatina-19 FIV Mara Imoveis, по потекло од Индија, стана најскапата крава во светот откако беше продадена за 4,3 милиони американски долари. Егзотичната убавица минатата година ја однесе титулата за најскапа крава во светот, а нејзината раса Нелоре важи за една од најбараните и најиздржливите.
Една третина од сопственоста на џиновската крава по име Viatina-19 FIV Mara Imoveis неодамна беше продадена за 6,99 милиони реали, или околу 1,44 милиони долари, на аукција во Арандо, Бразил, со што нејзината вкупна вредност достигна неверојатни 4,3 милиони американски долари. Инаку, оваа ласкава титула кравата ја освои минатата година, кога 50 отсто удел во нејзината сопственост беше продаден за околу 800.000 долари, што беше рекордна цена во тоа време.
Крава „за медал“
Кравите од расата Нелоре се сметаат за едни од најбараните во целиот свет, а нивниот необичен изглед не е единственото нешто што ги прави една од најисклучителните раси во светот. Не само што оваа раса се карактеризира со необичен светол слој што ја рефлектира светлината, благодарение на што кравите се исклучително отпорни на високи температури, како и изразена грпка на грбот, туку нивниот метаболизам е прилагоден и на климата во Индија, земјата од која доаѓаат . Кравите Нелоре се неверојатно издржливи и отпорни на инфекции, а оваа раса лесно се размножува со минимална човечка поддршка.