Некогаш, парфемите беа привилегија на богатите, резервирани за кралското семејство и благородниците. Времињата се сменија, додека индустријата за парфеми „цвета“, а денес пазарот е полн со мирисни ноти за сечиј вкус.
Сепак, најважното нешто за парфемот не е мирисот. Дизајнот и пакувањето на шишињата денес ја диктираат цената. Ексклузивните брендови често ги пакуваат своите парфеми во амбалажа украсена со најскапи материјали – дијаманти, кристали, скапоцени камења… Едноставно позлатените и сјајни шишиња привлекуваат повеќе од самиот мирис, а многумина замислуваат дека на овој начин поседуваат 2 во 1 – парфем и некој вид накит.
А ако се прашувате кој е најскапиот парфем на светот, еве го одговорот. Парфемот „Shumukh“ го лансираше компанијата Nabeel Perfumes во 2019 година, а беше претставен во Дубаи. Мирисот е составен од сандалово дрво, мошус и индиска роза и се вели дека мириса на бајка од „1001 ноќ“.
Неговата цена достигнува неверојатни 1,143 милиони евра и моментално е најскапиот парфем во светот. Неговата висока вредност се оправдува со неговото пакување. Има повеќе од 3.500 дијаманти, бисери, 2,5 кг 18-каратно злато и 5,9 кг чисто сребро. Биле потребни повеќе од три години и 490 обиди за да се добие вистинскиот мирис: со ноти на чисто (и многу ретко) масло од агар од Индија, килибар, сандалово дрво, мошус, чисто турско масло од роза, пачули, масло од ланг-ланг и темјан.
Исто така, трилитарско шише од овој парфем постави два Гинисова рекорди – по број на дијаманти поставени на шишенце парфем и за најскапо комерцијално достапно шише со распрскувач за мириси.