Најубавата и воедно најплатена актерка, Маргот Роби неодамна шармираше многумина со нејзиното појавување во филмот „Barbie“, по објавувањето на трејлерот за истиот.
Маргот Роби за улогата на познатата кукла убедливо го држи првото место на најплатена актерка со 12,5 милиони долари. Рака под рака со актерот Рајан Гослинг, актерката се појави на промоцијата на филмот „Barbie“ во Лас Вегас. Нетрпеливоста е огромна, а светската премиера е закажана за 21. јули годинава.
Како „жива барбика“, згодната актерка се појавила во розова карирана облека – поточно мини здолниште и топ, а не изостануваат ниту елегантните потпетици во ист тон, додека по неа „течеше“ долгата руса коса.
Зборувајќи за нејзината улога во филмот, Маргот кажала: „Играњето на оваа улога ја истакнува нашата самодоверба, нашата љубопитност и нашата комуникација за време на нашето детство и само-откривање. Во текот на 60-те години на брендот, Barbie ги поттикна децата да се замислат себеси во важни улоги, како принцеза или претседател“.