Една од најпознатите ѕвезди од филмовите за возрасни Лана Роудс крена голема прашина минатата година кога објави дека таткото на нејзиното новородено дете е познат НБА кошаркар.
Медиумите на сите начини се обидуваа да откријат за кого се работи, но оваа 27-годишна актерка упорно одбиваше да го објави името на таткото на нејзиното дете.
Се шпекулираше дека тоа би можело да биде Кевин Дурент или Блејк Грифин, но до израз дојде соиграчот на Србинот Никола Јокиќ од Денвер Нагетс.
Станува збор за Брус Браун, но досега никој официјално не ја потврдил ниту оваа верзија на приказната.
Причина за оваа шпекулација е потегот на според многумина најубавата порно-ѕвезда Лана Роудс.
Таа објави негова фотографија на социјалните мрежи, но едно смајли предизвика лавина од коментари. Нејзините следбеници веруваат дека Лана Роудс всушност алудирала на тоа дека Брус Браун има мал пенис.
Каква порака всушност решила да испрати порно актерката со оваа фотографија не е познато. Сепак, на играчот на Денвер Нагетс сигурно не му беше грижа кога ја видел нејзината објава.
За негова среќа, тој има за што да размислува додека Денвер Нагетс тргнува во битката за прстен против Мајами Хит.