Една од најубавите одбојкарки, но и спортистки воопшто, Ки Алвес изгледа си најде ново момче. Младата одбојкарка и позната „актерка“ на платформата за возрасни OnlyFans се чини дека се забавува со поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Џејмс Родригез.
Бразилските медиуми тврдат дека Ки Алвес наводно поминала два дена со ѕвездата, чија кариера со години е во надолна линија. Парот наводно се дружел во неговата куќа во Сао Паоло, од каде се одбојкарката се пофали со неколку видеа на социјалните мрежи. Ки Алвес е снимена во куќата, но и во бикини покрај базен, што предизвика големо внимание.
Покрај тоа, таа во неколку видеа го носеше и дресот на Сао Паоло за кој сега настапува Џејмс Родригез. Во едно видео таа ја шутна топката преку оградата, па Џејмс Родригез и неговите пријатели ја испратија да ја врати топката и „умера“ од смеа.
Ки Алвес сфатила дека одбојката нема да и донесе многу пари, па отворила профил на платформата за возрасни OnlyFans, а од тоа одлично заработува.
„Отсекогаш сакав да се фотографирам и да го покажувам своето тело, и да работам во маркетинг. Мислам дека тоа е тајната на сето она што го постигнав денес. Заработувам 50 пати повеќе од дигитални платформи отколку од одбојка. Особено на OnlyFans бидејќи месечните цени се фиксни“, изјавила Бразилката пред две години која на социјалната мрежа Инстаграм ја следат над 13 милиони луѓе, а нејзниот профил можете да го погледнете ОВДЕ.