За многумина, најубавата жена која некогаш чекорела по земјата, Ирина Шајк, на модната недела во Лондон овојпат загрижи и изненади многумина. Имено, таа прошета по пистата со прилично голема модринка под окото.
Овој пат за модниот бренд „Mawalola“ прошета во неколку различни модни комбинации. Од тесен металик долг фустан со голи рамена, па сè до краток со принт на познатиот рапер Тупак.
Кога станува збор за модринката, која веднаш загрижи многумина дека таа доживеала физичко насилство, се покажа дека станува збор за шминка. Но, дизајнерите успеале да го постигнат токму тој ефект – да шокираат и потсетат дека семејното насилство може да му се случи на секого, вклучително и на познатите и дека е важно да се зборува за тоа.
Дизајнерите често ги користат своите креации за да се осврнат на социјалните и политичките прашања, предизвикувајќи дискусија и размислување. Во овој случај, модринката на Ирина Шајк под нејзиното око може да се сфати како намерен обид да се привлече вниманието на проблемот со семејното насилство, проблем што погодува милиони луѓе ширум светот. А за кои не треба и не смее да се молчи…