Омилената филмска русокоса, познатата Камерон Дијаз, го прослави својот 53-ти роденден. Таа сега ужива во животот како никогаш досега, откако им го сврте грбот на актерството и Холивуд.
Имено, Камерон Дијаз повлече линија пред неколку години и се сврте кон винскиот бизнис, па објави две книги.
Она што најмногу ја исполнува познатата актерка е нејзиното мало семејство – мажот и нејзиното дете.
Тајната на нејзиниот одличен изглед е во исхраната – омиленото јадење и е кускусот, а избегнува преработена храна, како и прејадување навечер. Сака солени грицки и не јаде премногу слатки.
Нејзиното правило е 80/20 во корист на здравата храна. И во шестата деценија од животот убавата актерка изгледа фантастично, па би и позавиделе многу помлади девојки.