Заладувањето кое претходните денови ги достигна централните и јужните делови на Европа во некои делови, во август, создаде речиси идеални зимски услови.
Според австриските медиуми, од утрото е наредено носење синџири во регионите Тирол и Форарлберг.
„Снег падна на 2.032 метри високиот Билерхохе како и на наплатната рампа во општина Партенен, која се наоѓа на 1.051 метар надморска височина“, пишува „Кронен цајтунг“.
Додека снежната линија во неделата навечер сè уште беше над 2.000 метри надморска височина, таа значително се намали во текот на ноќта.
„Поради оваа причина, во овој регион е пропишана општа обврска за носење синџири“, посочуваат австриските медиуми.
Покрај Австрија, временски непогоди го зафатија и северот на Италија, поточно провинцијата Удине.
Невремето во овој дел предизвика голема гужва, а повеќе од 100 доброволци за цивилна заштита беа задолжени да го отстранат мразот што се формираше на улиците по невремето, кој наизменично се менуваше меѓу дожд и град.
„Ги презедовме сите мерки за поддршка на граѓаните погодени од невремето. Штетите предизвикани од поплавите и град се значителни“, изјавил гувернерот на регионот.