Некогаш многу привлечната американска актерка Хедер Локлир изгледаше прилично „уништено“ и целосно замислено на едно од нејзините ретки јавни излегувања.
Имено, папараците ја снимиле додека отсутно седи на тротоарот покрај патот и чека превоз. Не грижејќи се за минувачите, дури ни за камерите, 61-годишната ѕвезда од популарната серија „Melrose Place“ била облечена во црно, косата и била несредена и пуштена, а лицето отечено и надуено.
Седела на тротоарот повеќе од половина час додека нејзиниот вереник Крис Хајсер не дошол да ја земе, пишуваат светските медиуми.
Дури кога го видела автомобилот на нејзиниот вереник, поранешен возач на мотокрос, се „разбудила“ и му се насмеала. Таа ја земала својата голема чанта од модниот бренд „Louis Vitton“, ја префрлила преку рамо, скокнала во автомобилот и парот тргнал во непознат правец.
Инаку, Хедер Локлир беше уапсена во февруари 2018 година за семејно насилство бидејќи, како што објавија американските медиуми, го претепала својот вереник, а само неколку месеци подоцна ги нападнала и нејзините родители. Оттогаш, таа ретко се појавуваше во јавноста.