Шведскиот филмски актер Ханс Лундгрен, професионално познат како Долф Лундгрен (65 г.), во подкастот на Греам Бенсингер откри дека осум години се бори со ракот. Недолго по тоа признание, тој беше фотографиран на одмор во Грција, каде уживаше во друштво на својата свршеница Ема Крокдал (27 г.) и нејзината ќерка која е на иста возраст како неговата сакана.
И денес на многумина не им е јасно како успеал да заведе 40 години помлада девојка, но таа била покрај него и во најтешките моменти додека тој се борел со ракот.
„Многу го болеше устата и рацете, не можеше да јаде ништо. Беше тешка борба, слабееше. Сфатив дека е многу полошо отколку што мислевме, почнаа да зборуваат за тумори на белите дробови, стомакот, кичма, бубрези…“, изјавила еднаш Ема Крокдал.
Пред да се прослави како Иван Драго во култниот филм „Rocky“, шведскиот актер беше во врска со музичарката Грејс Џонс, со која имаше посебен однос.
„Групниот секс се случуваше од време на време, да, со и без Грејс. Кога бевме заедно, таа често носеше дома некои од нејзините пријатели. Можеби најмногу четири или пет. Тоа звучи како одлична идеја и често беше, но ако треба да станете наутро за да се борите со Силвестер Сталоне, тогаш тоа не е толку добра идеја“, изјави тој еднаш.
Иако целото нејзино друштво во тоа време се дрогирало и конзумирало кокаин, тој не бил заинтересиран бидејќи тренирал цел ден.
„Тоа беа 80-тите кога само богатите се дрогираат. Тоа не беше закана за општеството, тоа беше само богати деца кои се забавуваа. На крајот на краиштата, во Њујорк тогаш можеше да шмркаш кокаин среде ресторан и никој не се замараше, вклучително и келнерите“, рекол еднаш тој.
Инаку, норвешката убавица Ема Крокдал ја запозна летото 2019 година во теретаната каде што вежбал. Сепак, нивната врска ја чуваа во тајност до јануари 2020 година, кога се појавија заедно на филмскиот и музички фестивал во Доминиканската Република.