Нова трагедија го потресе главниот град на соседна Србија, Белград, Пред зградата на Општина Звездара, е пронајдено тело на девојката А.С. (22 г.), од страна на нејзината сестра, која прва ја видела грозоморната сцена, пишуваат соседните медиуми.
Како што објави српски Курир, телото на несреќната девојка го пронашла нејзината сестра. Сестрата на девојчето, која била пронајдена мртва, излегла од зградата во придружба на маж и била видно вознемирена, во шок и плакала. Сцените пред зградата биле шокантни, а целата улица е полна со полиција.
Имено, се работи за изнајмен стан на трети кат, чиј сопственик е Т.Ж. Телото на девојчето го пронашла нејзината сестра, која со партнерот дошла во станот, бидејќи сестра и не се јавувала на нејзиниот телефон.
Телото на девојчето било на фрлено на кревет во спалната соба во ноќница (пижами). Екипата на крим-техника, полиција и обвинител се на терен, јавуваат белградските медиуми, а полицијата преку натамошна истрага ќе ги утврди сите детали.