ФОТО | “НЕ ДИШАМ ДОБРО!“ – Папата Франциско не го одржа својот говор пред присутните – Ватикан објави во каква состојба е првиот човек на Римокатоличката црква

Папата Франциско, кој беше опериран на абдоменот на 7. јуни и девет дена се опоравуваше во болница, изгледал уморно за време на состанокот со претставниците на источните католички цркви, објавија светските медиуми.

Италијанската медиумска агенција NOVA наведува дека Папата му рекол на монсињор Клаудио Гуџероти, префект на Дикастеријата задолжен за источните католички цркви, да го сподели текстот на говорот што Папата требало да им го одржи на присутните, така што на самиот почеток на средба тој ќе се откажал од говорот пред присутните.

Се уште сум под дејство на анестезија, не дишам добро“, рекол Папата.

Поглаварот на Римокатоличката црква потоа бил прашан како се чувствува. „Сè уште сум жив“, одговорил 86-годишниот прв човек на Ватикан.

Папата имаше напорен распоред откако се врати во Ватикан минатиот петок, кој вклучуваше средби со претседателите на Куба и Бразил, а во денешниот распоред имаше дури осум настани.

Ватиканживотздравјепапа Франциско