Ева Лонгорија (48 г.) уживала на плажа во Марбела, Шпанија. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ ја покажа својата завидна фигура во розови бикини.
Актерката зрачела со самодоверба додека го покажала своето затегнато тело во бикини, ја врзала косата во висока пунџа и се заштитила од сонцето со црни очила за сонце.
Неколку дена пред овој одмор, Ева Лонгорија носеше светкав фустан додека беше домаќинка на ѕвездите на нејзината годишна гала со The Global Gift Foundation. Ова беше 11-то издание на оваа блескава забава со непрофитната организација, а се одржа во екот на модната недела во Париз во хотелот „Four Seasons George V“.