Француската политичарка Жулиет де Козан од малата партија Европа Екологија Егалит, сојузник на претседателот Емануел Макрон, е обвинета за мамење гласачи пред изборите за Сенатот овој месец.
Daily Telegraph пишува дека во постерите на кампањата толку многу се подмладила користејќи дигитални алатки што изгледа како холивудска ѕвезда во споредба со претходното нормално издание.
Велат дека има 40-ти години, но никогаш јавно не ја кажала својата возраст.
Но, на изборниот плакат објавен во март годинава, Жулиет де Козан се појавува како некој кој нема повеќе од 25 години.
Нејзината кожа е видно посветла, забите и се исправи, а косата и е многу посјајна од фотографиите кои ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа признала дека за плакатот користен пред парламентарните избори во јуни минатата година користела дигитални помагала за да си го подобри тенот.
Сепак, на новиот постер од оваа година, во најмала рака многу позабележителни се корекциите најверојатно направени на фотошоп.
Сепак, таа го бранеше својот изглед и на тој постер.
„Мое право како кандидат е да имам убав имиџ“, изјавила Жулиет де Козан.