Финалето на Светското првенство во рагби во Париз привлече голем број гледачи пред малите екрани, но и на трибините на „Стад де Франс“, каде беа забележани многу познати фаци. Меѓу нив беа најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, францускиот претседател Емануел Макрон и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Фоторепортерите забележуваат дека Новак Ѓоковиќ секогаш бил насмеан во друштво на Емануел Макрон и Андреј Пленковиќ.
Новак Ѓоковиќ седел во друштво на познатата поп пејачка Рита Ора и актерот од „AquaMan“, Џејсон Момоа.
Инаку, јужноафриканските рагбисти ја одбранија титулата светски шампиони откако во финалето на овогодинешното Светско првенство го совладаа Нов Зеланд со 12-11 (12-6), со што Јужна Африка стана првата земја со четири светски шампионски титули.