Првиот пораз во полуфиналето на Австралија Опен му наштети на Новак Ѓоковиќ, можеби повеќе отколку што јавноста мислеше.
Најдобриот светски тенисер по 11-ти пат стигна меѓу четирите најдобри тенисери во Мелбурн, а поразот од Италијанецот беше само прв во оваа фаза од натпреварувањето во неговата кариера.
Новак Ѓоковиќ беше испратен од теренот на „Род Лејвер Арена“ со овации. Многумина очекуваа дека ќе ја освои 11. титула на Австралија Опен, а колку и да се разочарани навивачите на српскиот тенисер, јасно е дека најтешко му е на самиот Новак Ѓоковиќ.
За тоа колку тешко му било на Србинот да биде елиминиран од турнирот најдобро говорат фотографиите кои се направени на прес-конференцијата која се одржа веднаш по натпреварот.
Новак Ѓоковиќ едвај ги задржа солзите додека зборуваше за натпреварот, турнирот, но и за плановите за продолжението на сезоната и кариерата.
Фотографите „уловија“ неколку моменти во кои можеше да се види колку тешко го доживеа поразот Србинот.