Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, со семејството ужива на заслужен одмор.
По краткиот престој во Црна Гора, Новак Ѓоковиќ со својата луксузна јахта заплови во Дубровник, каде што поминува квалитетно време со своите најблиски.
Српскиот тениски ас бил фотографиран како ужива во разни лудории на вода со сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара.
Односот меѓу сопружниците привлече посебно внимание. На фотографиите кои се појавија во јавноста јасно се гледа дека Новак и Јелена се посреќни од било кога и дека нивната љубов едноставно цвета. Нивниот љубовен поглед, насмевките и страсниот бакнеж снимени од камерите најдобро зборуваат за тоа.