ФОТО | Новак Ѓоковиќ од Црна Гора замина за Хрватска – тенисерот впловил во Дубровник со неговата јахта и се одмара по поразот на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со својата јахта вплови во пристаништето во Дубровник во Хрватска.

Новак Ѓоковиќ претходните денови одмараше во Црна Гора, а сега се пресели малку позападно.

Како што пишуваат хрватските медиуми, српскиот тенисер бил пречекан од директорот на пристаништето во Дубровник, Жељко Рагуш, кој како и многу други сакал да се фотографира или да добие автограм.

Новак Ѓоковиќ минатата година дел од одморот го помина и во Дубровник и во Хрватска.

Најдобриот српски тенисер ќе има десет дена за одмор, пред да ги започне подготовките за турнејата низ САД, каде го очекува првиот турнир во Синсинати, кој започнува на 13. август. Секако, врв на турнејата ќе биде УС Опен, кој започнува на 28 август, каде Новак Ѓоковиќ повторно има можност да ја освои својата 24. Грен Слем титула.

Новак Ѓоковиќодмортенис