Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Мастерсот во Париз.
Најдобриот тенисер го победи Бугаринот Григор Димитров со 2:0, во сетови 6:4, 6:3.
Ова е јубилејна 40. турнирска титула од мастерс серијата 1.000, од 58. финалиња на Србинот. Најблизок придружник во оваа категорија е Рафаел Надал со 36 титули. Останатите се далеку зад Новак Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите по последниот поен, а имаше брутална порака за целиот свет!
По натпреварот, Новак Ѓоковиќ пред камера напиша:
„Тако је брее!“ („Така е!“)