Собранието на Албанија денес ја прекина седницата поради нов инцидент, поради што пратениците на Демократската партија ги превртеа столчињата во салата и се собраа на говорницата да ја блокираат седницата, пренесуваат албанските медиуми.
Пратеникот на Социјалистичката партија, Џемаљ Кефалија, физички се пресмета со пратениците од опозицијата. Тој, барајќи да не се поместуваат столчињата, ги турна Едмонд Спаха и останатите пратеници во Собранието.
Претседателката на Собранието, Љиндита Никола, најпрвин најави дека седницата ќе продолжи, но дојде до „пресметка“ меѓу пратеникот од редовите на социјалистите Тони Гогу и пратеникот Ервин Салијани од опозицијата. Гогу Салијана ја нарече ситуацијата како – „камиказа на незаконитоста“.
На дебатата се вклучи и поранешниот премиер Сали Бериша, кој ја праша зошто се преправа дека е адвокат.
Сали Бериша кажа дека без враќање на уставните права, барајќи право на опозицијата да формира истражни комисии, нема да има ни собраниска седница и најави штрајк на опозицијата.