Тајната служба на Украина (ССУ) уапси жена осомничена дека учествувала во планирањето на руски воздушен напад со цел убиство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Првенствено, жената се обиде да го одреди времето и списокот на локации на привремената маршрута на претседателот на државата пред неговата посета на јужниот регион Миколаев“, се вели во соопштението на ССУ кое го пренесуваат странските медиумски агенции. Жената, наводно, ги снимила локациите на украинските објекти, вклучително и системи за електронско војување и складишта за муниција, пред властите да ја фатат како се обидува да пренесе разузнавачки информации до Русија.
Доколку оваа жена, чии индентитен не е откриен, биде прогласена за виновна, ѝ се заканува затворска казна до 12 години.
Украинските власти соопштија дека осомничената е руски доушник кој живее во украинскиот град Очакив, но не соопштија дали таа е руски или украински државјанин. Додаваат и дека работела како продавачка во продавница која продавала неопходни работи на воените единици во регионот.
Не е јасно кога се подготвувал атентатот, но Володимир Зеленски последен пат го посети Миколаив на 27. јули.