Популарната холивудска актерка Салма Хаек (56 г.) повторно скокна во омиленото жолто бикини, на големо задоволство на нејзините обожаватели ширум светот.
Убавата актерка се пофали на социјалната мрежа Инстаграм со фотографиите направени по курс за нуркање под стручно водство на Мартина Енгел.
„Се дружам со мојата омилена инструкторка“, напишала Салма Хаек во описот на објавата, која по спортската активност се почастила со ладно пиво.
Погледнете ја фотографијата ОВДЕ.
Секако, штом покажа што носи под црниот нуркачки костим, обожавателите ја преплавија актерката со лајкови и пофалби за нејзиниот изглед.
„Оваа жена е имуна на стареење! Убаво е да те гледам како ги правиш работите што ги сакаш“, коментираат обожавателите.
Не ѝ требаше многу време и на самата инструкторка да се огласи на социјалната мрежа.
„Ова објаснува зошто мојот Инстаграм ’експлодираше’! О, жена! Ти си најскромната и најневеројатната личност што сум ја сретнала. Со нетрпение очекувам да нуркам со тебе наскоро“, напишала во коментар Мартина Енгел, а Салма Хаек одговорила: „И мене ми недостигаш. Често мислам на тебе. Ајде да одиме да откриваме нови места и нови авантури додека се трудиме да ги заштитиме нашите океани“.