Познатиот ММА борец Хамзат Чимаев го победи Камару Усман, а потоа одржа говор кој ја обиколи планетата со неверојатна брзина.
Тој до триумфот над Американецот со нигериско потекло на УФЦ 294 вечерта во Абу Даби со одлука на судиите стигна со резултат 29:27.
„Луѓе, знаете што се случува во светот во моментов. Не бев среќен што бев во карантин оваа недела гледајќи како умираат деца. Не е важно каде во светот: во Украина, Сирија, Авганистан, Палестина, САД, не е важно каде се случува. Кога децата умираат, тешко е. Сакам деца, а дома ме чека тримесечно момче“, порача Хамзат Чимаев.
На синоќешниот ММА спектакл присуствуваше и шведскиот легендарен фудбалер Златан Ибрахимовиќ.
Познатиот фудбалер по натпреварот се фотографираше со победникот и неговиот тим, а фотографијата за релативно кратко време собра голем број допаѓања, истата можете да ја погледнете ОВДЕ.