Долго време ја бараа својата куќа од соништата, се пишуваше за купување на неколку вили, но дури сега конечно се одлучија за вистинската.
Џенифер Лопез и Бен Афлек купиле луксузна палата во Беверли Хилс за која потрошиле 60 милиони долари, објави магазинот TMZ.
Куќата има 4.273 квадратни метри со пет хектари градина. Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар.
Имотот вклучува и пентхаус од 456 квадратни метри, безбедносна куќа со две спални соби и гаража со 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила. Имотот првично бил продаден за 135 милиони долари пред пет години, но цената се намалила со текот на годините.
Минатиот месец куќата повторно била ставена на продажба за 75 милиони долари, но славната двојка успеала да ја намали и таа цена.
Само една недела им требало да го затворат договорот за новиот дом и веќе започнале да се вселуваат. Куќата е фотографирана од воздух, а пред неа се гледаат многу од нивните работи, како фотелји, каучи, теписи и друг мебел како се преместуваат од претходната куќа во новата. На имотот е снимена и латино-дивата Џеј-Ло.