ФОТО | ОВА Е ВИСТИНСКИ ХОРОР – Хаотични сцени на Сицилија: Мигрантите бегаат во потрага по вода и храна, а властите признаваат дека условите во камповите се нехумани

Во прифатниот центар за мигранти во Сицилија, Италија, во понеделникот се случија хаотични сцени кога околу стотина мигранти избегаа од кампот качувајќи ги оградите и пробивајќи ги бариерите, јавуваат тамошните медиуми и додаваат дека персоналот на итната помош неуспешно се обидел да ги спречи да заминат.

Мигранти на италијанскиот остров Лампедуза
Мигранти на италијанскиот остров Лампедуза

Најмалку сто мигранти ја преминале оградата на центарот каде има повеќе од илјада луѓе, а најмалку еден полицаец е ранет, јавува италијанската медиумска агенција ANSA. Преполниот центар го обезбедувале околу 20 полицајци. Градоначалникот на јужниот пристанишен град Порто Емпедокле изјавиl дека мигрантите побегнале од кампот поради лошите услови што владеат таму.

Мигранти на италијанскиот остров Лампедуза
Мигранти на италијанскиот остров Лампедуза

Тие не побегнаа од овде за да одат на друго место, туку да бараат храна и пијалок“, изјавил градоначалникот Калогеро Мартело за веб-страницата RaiNews, а тој самиот ги нарече условите во кампот нехумани и побара поддршка од Владата во Рим.

Мигранти на италијанскиот остров Лампедуза
Мигранти на италијанскиот остров Лампедуза

Покрај неколку илјади луѓе кои пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза минатата недела, повеќе од 1.000 беа испратени во засолниште во Сицилија на неколку дена.

Порто Емпедокле се смета за транзитна точка за мигрантите кои пристигнуваат од преполната Лампедуза за да бидат испратени во други градови по престојот на Сицилија. Сепак, центарот во моментов е преполн бидејќи трансферот кон копното се одвива исклучително бавно, објави италијанската медиумска агенција ANSA.

Во понеделник италијанската Влада треба да донесе нови мерки како дел од законот за регулирање на мигрантите, бидејќи Лампедуза минатата недела беше преплавена од невиден бран мигранти, над осум илјади.

Поради ваквата несекојдневна ситуација, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, придружувана од италијанскиот премиер Џорџија Мелони, во неделата ја посети Лампедуза и вети поддршка од ЕУ и презентираше акционен план за решавање на кризата.

ИталијаЛампедузамигрантиСицилија