Во крвавиот напад на хрватските хулигани во главниот град на Грција, Атина, животот го загуби 29-годишното момче – Михалис Каџурис, навивач на фудбалскиот клуб АЕК.
Ова е фотографија од несреќниот млад човек која ја споделија соседните медиуми.
29-годишното момче починало од повеќе убодни рани што ги здобил за време на тежок инцидент во главниот град на Грција, предизвикан од хулигани односно навивачи на Динамо Загреб од Хрватска.
Несреќниот млад човек доцна синоќа бил примен во болница во тешка состојба, докторите се бореле за неговиот живот, но тој не можел да се спаси и им подлегнал на повредите.
Некои од грчките медиуми ги открија деталите за ова брутално убиство.
„Навивач на АЕК беше прободен со нож од хулигани на Динамо Загреб. Го прободиле со остар предмет во артерија на раката, поради што искрварил. Повредата ја предизвикала неговата смрт во болница. Како да не е доволно таа повреда, 29-годишниот други бил погоден од хулиганите и со стапови во главата додека лежел на земја“, пишуват соседните медиуми.
Фудбалскиот клуб АЕК исто така на социјалните мрежи објави:
„Михалис, АЕК никогаш нема да те заборави, бараме максимална казна за убијците“.