ФОТО | ОВА Е НАЈЗГОДНАТА БАБА ВО СВЕТОТ – Има 66 години, сите мислат дека нејзината внука и е сестра, а ѝ приоѓаат и 18-годишни момчиња: “Шокирана сум од понудите што ги добивам“

Австралиска баба стана сензација на социјалните мрежи благодарение на нејзината посветеност на физичката активност и фитнесот. 

Лесли Максвел, која има 66 години и живее во Мелбурн, редовно поминува време во теретана, а благодарение на нејзината посветеност на вежбањето изгледа навистина импресивно.

Нејзиното тело и изгледот и го одземаат здивот на сите, а привлекува и големо внимание, особено кај спротивниот пол, меѓу кои е попопуларна и од нејзината внуката.

Лесли Максвел редовно споделува провокативни и разголени фотографии на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а повеќето од нив се направени во теретана, каде што сака да тренира со нејзината внука Тиа. Интересно е што Тиа, внука која е многу отворена за разговор на социјалните мрежи, признала дека баба и и е сериозна конкуренција кога е во прашање привлекувањето на машкото внимание.

Ми се додворуваат дури и 18-годишници, што е навистина смешно. Понекогаш се прилично експлицитни. Сето тоа го сфаќам како комплимент, одлично е што сум и интересна“, вели Лесли Максвел, која овие пораки ги смета за комплименти.

Лесли Максвел

И додека Тиа се забавува со огромното внимание кое баба и го привлекува на социјалната мрежа Инстаграм, ќерката на 66-годишната Лесли МаксвелВанеса, која баш и не се занимава со фитнес, не е толку воодушевена од објавите на нејзината мајка на социјалната мрежа. 

Таа сè уште ми е мајка, не е ќерка тинејџерка или нешто друго. Не сакам да се промени, само малку да се спушти на земја“, изјавила Ванеса.

Лесли Максвел со нејзината ќерка Ванеса и внука Тиа

Од друга страна, Лесли Максвел своите објави на социјалната мрежа Инстаграм ги смета за дел од нејзината работа. 

Навистина сакам фитнес и секогаш сум во теретана во оскудна облека, но и се натпреварувам, па навикната сум да бидам на сцена во минијатурни бикини. Не ми е проблем да прикажувам такви фотографии. Не сум се срамам од своето тело. Морам да бидам производ во кој верувам. Не сакам да прикривам и ако сакам да го покажам своето тело ќе го покажам. Зошто да си стар и болен ако не мораш, зошто да не бидеме на врвот на светот“, вели самоуверено таа.

Лесли Максвел решила да стане личен тренер кога имала 48 години и таа година победила на својот прв фитнес натпревар. Смета дека својот младешки изглед го должи на строгиот фитнес режим и фактот што тренира најмалку пет пати неделно. 

Лесли Максвел

Во минатото таа работела како шминкерка, а денес стана инспирација за многумина благодарение на нејзиниот животен став и посветеноста на физичката активност.

животздравјеИнстаграмЛесли Максвелфитнес